Бизарни народни песни
Значи вака – неспорно е дека македонскиот народ отсекогаш го бивало за да создаде песна или приказна, па имаме огромно културно наследство. И сосема е ОК тие песни или приказни да се паметат зашто се дел од културата и не треба времето да ги однесе. Ама јас лично никогаш не сум сметал дека се’ што е старо е добро и не смее збор да се каже за тоа само зашто е македонско. Меѓу старите македонски песни има некои навистина убави, но има и такви кои се бизарни, нелогични, без никаква смисла или не вредат пет пари. Па ме чуди дали некој всушност заслушал за што се зборува во песната што ја слуша. И тоа не мислам на некои што-ти-знам-од-кое-село песни, туку од такви што ги сметаат за „класици“, како:
На секоја свадба каде што сум бил оваа песна мора да ја свират по пет пати и сето тоа е придружено со восхит и патриотски крикови. Патриотски? Ова е патриотска песна? Ај да видиме… Значи од првите стихови слушаме дека главен јунак бил некој Хусо Темјанички, кој „успат“ бил и цар неготински (на што се однесува ова цар, дали на прв фраер или така нешто, немам појма). И тој Хусо го карала мајка му да не оди на каурска свадба.
Карала го мајка, Хусо темјанички,
Хусо темјанички, царот неготински.
Ај послушај Хусо, старата си мајка,
немој не ми оди на каурска свадба.
Ако некој не чул што значи „каурска“ да си знае дека „каур“ е погрден израз со кој Турците ги викале христијаните, нешто како „нигер“ за Црнците. Значи дека Хусо бил Турчин и го карале да не оди на христијанска свадба. Читај на македонска. А зошто да не оди?
каури се лоши, ќе се поднапијат,
ќе се поднапијат, ќе ми те убијат.
Аааа? Еј мајката колку Турците не сметале за гадови. Значи ние после три ракии колиме, бесеме, сечеме. Кој народ го прави тоа? Ние сме биле полоши од нацистите…. Ама Хусо не бил глуп, и рекол на мајка му да замолчи веројатно зашто Хусо цело време терал ќеиф со нашите и зашто е надвор од здрав разум да мисли некој дека на свадба ќе му го кркнат ножот само зашто некој на пијано решил да го емитира Џејсон Вурхис. И што станало? Штом е ова патриотска песна, сигурно нашиве ја покажале својата хумана страна, се испијанчиле со Хусо, си удриле мајтап а Хусо се вратил дома и и рекол на мајка си: Гледаш ма какви мангупи се Македонциве? Од утре одам со нив по риби, ич не ми чуе што вели пашата за нив! Арно ама…
Каурите лоши, ми се поднапиле,
ми се поднапиле, Хусо го убиле.
Или па не. Изгледа мајка му на Хусо била во право… Чекај, ова требаше да биде патриотска песна? Патриотски е секогаш кога ќе се изналокаш да утепаш некој зашто не ти е по ќеф? Толку сме ние акнати во главата? Песнава мене ми личи на многу јак автогол, зашто Борат да сакал немало толку да ни направи антиреклама….
Сите ја знаете, нема што целата да ви ја пишувам. Ќе бидам краток зашто тука и не ми е проблем целата песна. Оваа песна си е типично швалерско-сеирџиска (а такви има многу кај нас). Калина е запалена за некој типац, кој инаку е женет човек, ама оваа упорно му се бута пред нос, што ја прави Калина една од македонските средновековни спонзоруши. И така Калина му вели ова ќе направам или она да дојдам до тебе, ама овој испаѓа вистински македонски џентлмен и шизик, па културно и ладнокрвно смислува изговори за да ја одбие. И на крајот доаѓа финалето каде Калина нежно му вели:
Ќе се сторам јас црна чума
и пак кај тебе ќе дојдам.
Жена ќе ти сотрам,
дечиња ќе гледам,
вечно твоја ќе бидам.
Oh my God…. She’s The Smoke Monster!!

Шега настрана, јас знам дека женска може на женска очите да и ги ископа за да и земе маж, ама ова е малце ектремно. Интересно е што после завршува песната и не е дадена реакцијата на типот. Ама препоставувам дека таа била „бегај додека можеш“ (во најлесна форма) или сочен средновековен шамар (во хардкор форма). Мислам, кој нормален ќе падне на ваква романтика? Од кога најлесниот пат до машкото срце е да му кажеш дека ќе му ја зацрниш фамилијата?
Претходните две песни беа добри за фаќање сеир, ама за оваа отворено ќе кажам – ова е глупа и одвратна песна која нема нормална логика. Како може нешто вакво да биде нормално:
Сестра моли брата за вечера
ајде, ајде брате да вечераме.
Вечерајте сестро не чекајте ме
јас сум било сестро у меана.
Јало, пило сестро, сум се опило
голем зулум сестро сум направило.
Сум заклало еден син на мајка
сега они барат крвнината.
До тука е во ред нели? Сестрата го кани брат и, а брат и да ти бил некој пијаница и тепач по кафани, ама добро, каков е-таков е, брат и е, па културно го кани. Ама после ова во втората строфа не верувам дека нa некој му било до јадење. Очигледно братов сега го бараат и под дрво и под камен, и нормално би било сестрата да има две опции. Или да го испартали надвор и да го остави да му дадат што му следува или ако веќе толку и е драг, да го скрие. И што направила мудрата сестра?
Ајде, ајде брате да вечераме,
за крвнина брате колај бива.
Сестра има брате девет сина,
едно сине мајка ќе прежали.
Прежалила мајка најмалото,
најмалото, мајка, најубавото.
WTF???? Од каде да почнам? Колај бивало за крвина? Како да зборат за купување краставици од пазарче. И мајката (пази – МАЈКАТА) ќе даде да и убијат син само за да заштити убиец? И тоа ни крив ни должен син. Како ќе му каже? Сине, остај тоа книгата, дај апни нешто набрзина и излези до надовр да те заколат, ние тука со вујко ти имаме еден муабет? И зошто баш најмалото? Фрлале паричка или сламка влечеле? И што е најморбидно, пак мртва ладна си го кани да вечераат. Значи додека некој и го убива синот надвор, таа внатре си вечера со човекот кој е крив за тоа и кој на прво место не и ни рекол да си даде син??

Comments(1)

























