Black Sheep – филм за изборна кампања
Веќе гледам дека страстите зовриваат како што почнува изборната кампања, па затоа еве од мене еден предлог за филм што ќе ве расположи, а е поврзан токму со предизборна кампања. Black Sheep е комедија од 1996 година, со покојниот Крис Фарли во главната улога, и со неговиот пријател и често партнер на филмското платно, Дејвид Спејд. Се работи за кампањата за младиот надежен политичар Ал Донели, кој е кандидат за гувернер. Тој е на добар пат да ги добие изборите, но проблем е неговиот добронамерен, но проблематичен и трапав брат Мајк (го глуми Фарли). Ова е еден од најсмешните филмови на Фарли, хумор кој сигурно ќе ве опушти. Уживајте.
Comments(0)